За Нас

Нашата компанија НЕС – КОМЕРЦ д.о.о. која е со седиште во Тетово , Република Македонија веќе повеќе од дваесет години  успешно работи со извршување на Меѓународен Транспорт на Стоки. Нашата работа опфаќа голем спектар на обврски и должности кои ги поставуваат нашите клиенти , а ние како сериозна фирма мораме да ги испочитуваме до крај.

Поради тоа НЕС – КОМЕРЦ д.о.о. поседува образовани и стручни лица кои умеат да се носат и да го водат целиот процес на извршување на транспортот до самата достава на стоката до клиентот. Тие секако можат да Ви понудат одговори и да ги разрешат сите дилеми околу транспортот,царинењето или било каква друга адмнинистративна услуга.

Успешноста на нашата работа покрај стручниот тим го сочинува и квалитетот на возниот парк. Ние во моментов поседуваме најсовремени возила кои се потребни за сите видови на транспорт кои ги извршуваме со постојана тенденција за пораст на бројот на возилата, а се со цел да го подобриме квалитетот на услугата.

Исто така , сите возила кои ги поседуваме се покриени со ЦМР осигурување , што  значи дека робата што ја превезуваме за нашите клиенти е безбедна низ целиот процес на транспортот со до истоварното место.  

НЕС – КОМЕРЦ д.о.о. до ден денеска упорно работеше за да го завземе своето место кое го заслужува и кое го класифицира како една успешна , сериозна и професионална компанија која може да Ви излезе во пресрет и да Ви понуди услуги кои ќе ги задоволи дури и најпребирливите. Специјализирани сме и имаме искуство кое го градевме во годините наназад со цел за поуспешна понуда и поквалитетна реализација на транспортот кој го извршувамe.

Кој е онлајн

Имаме присутни 7 гости и нема членови