Добредојдовте

Нашата компанија НЕС – КОМЕРЦ д.о.о. со седиште во Тетово Р. Македонија е основана во 1992 година и се занимава со Меѓународен Транспорт на Стоки. Во изминативе години се развивавме и работевме на зголемување на квалитетот на услугата и професионалноста,соработувавме со највлиjателни транспортни фирми во нашата земја и странство , црпевме знаења, градевме искуство за да го одржиме нивото и целите кои ги имаме поставено , а тоа е задоволни клиенти и соработници.


Нашата основна дејност е транспортот , но исто така нудиме и услуги како посредување при царинење , ускладиштување на стока , достава на стока до магацин секако испочитувајќи ги сите потреби на нашите клиенти . Ние сме најзастапени на релација Mакедонија, Албанија, Србија, Косово - Италија, Швајцарија, Германија. Најчесто возиме за Италија и од Итазија за Швајцарија, Германија и повратно. Вршиме групен , збирен и специјален транспорт на стоки кој секако го извршуваме со најсовремени возила со постојана обнова на возниот парк.


Низ годините гордо чекориме напред и бележиме континуиран пораст како во набавка на нови и современи возила , така и на вработени кои поседуваат знаења и капацитет да одговорат на сите нови предизвици. Квалитетот и професионалноста беа наши зацртани цели од самиот почеток и сеуште се .
Задоволни клиенти се нашата најголема сатисфакција. “ Добриот глас надалеку се слуша “.


Денеска нашата фирма прерасна во една од најпрофесионалните и најуспешните компании за вршење на меѓународен транспорт во нашата земја и пошироко. Со задоволство Ви стоиме на услуга ,спремни да одговориме на сите идни предизвици.

Кој е онлајн

Имаме присутни 8 гости и нема членови